
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон е „дипломатски неуспех“ за Киев.
Таа го обвини Зеленски дека одбива мир и оти е опседнат со продолжување на војната.
Посетата беше целосен политички и дипломатски неуспех за режимот во Киев … Со своето безобразно грубо однесување за време на престојот во Вашингтон, Зеленски потврди дека е најопасната закана за меѓународната заедница како неодговорен воин, истакна Захарова.
Таа ги обвини европските лидери за „политичка слабост“ и „морална деградација“ за поддршката на Зеленски наспроти „моралната лекција“ што ја доби во Вашингтон.
Захарова повтори дека целите на Русија во Украина „остануваат непроменети“, имено „демилитаризација“ на земјата и „препознавање на постојните реалности на теренот“.
Русија бара Украина да отстапи четири региони на истокот и југот на земјата, покрај Крим, кој е анектиран во 2014 година и Киев да се откаже од амбициите за членство во НАТО.