Skip to main content

За обновата на Украина ќе бидат потребни над 520 милијарди долари

Трошоците за обновата на украинската економија по завршувањето на руската инвазија се проценуваат на 524 милијарди долари, објавија денеска Светската банка, Обединетите нации, Европската комисија и владата во Киев.

Британските медиуми пренесуваат дека најтешко погодени сектори се домувањето, транспортот, енергијата, трговијата и образованието.

Украинската влада со поддршка од донатори годинава издвои речиси 7,4 милијарди долари за приоритетни потреби, но сепак ѝ недостигаат речиси 10 милијарди.

Директната штета од руските напади достигна 176 милијарди долари, што е за 24 милијарди повеќе од пред една година.

Околу 13 отсто од становите во Украина се оштетени или уништени, погодувајќи повеќе од 2,5 милиони луѓе.

Во текот на изминатата година евидентирани се 70 отсто повеќе штети на електраните.

Беше наведено дека за реконструкција на станбениот сектор ќе бидат потребни околу 84 милијарди евра, додека само чистењете на урнатините ќе чини речиси 13 милијарди евра.

Поврзани вести