Група вработени во Уставниот суд на Грузија ја повикаа владата да ја преиспита одлуката за прекин на преговорите со Европската Унија.
Во соопштението, потпишано од членови на Уставниот суд, се апелира одговорните лица да покажат посветеност на уставниот поредок на Грузија и да ја променат одлуката за одложување на преговорите за членство во ЕУ до 2028 година.
Ги повикуваме властите да преземат соодветни чекори со цел да се запре изолацијата на Грузија од европската заедница и да се спречат негативните ефекти што произлегуваат од тоа, се вели во соопштението.
Како што изјави вчера премиерот Иракли Кобахидзе, Грузија ги прекина преговорите за нејзиниот прием во Европската Унија на четири години поради „уцени и манипулации од одредени европски политичари и бирократи“.
Тој го објави ова неколку часа откако членовите на неговата партија Грузиски сон го реизбраа за претседател на владата.
Кобахидзе порача дека неговата земја сака да биде примена во Европската Унија, но дека „нема да се занимава со отворање на пристапните преговори до крајот на 2028 година“ поради тоа што Брисел кон земјата се однесува со уценувачки и потценувачки однос. Според одлукатана Кобахидзе, до 2028 година земјата ќе одбива и средства од буџетот на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.