
Неколку членови на Советот за национална безбедност (НСЦ) биле отпуштени една недела по состанокот на претседателот Доналд Трамп со десничарската активистка Лаура Лумер, која тврдела дека некои членови не му се лојални, објави „Волстрит журнал“.
На средбата присуствувале и потпретседателот Џеј Ди Венс, шефицата на кабинетот Сузи Вајлс и директорот на Канцеларијата за персонал Серхио Гор.
По средбата, на најмалку тројца високи претставници на НСЦ им било наредено да си заминат. Се дознава дека тоа се Брајан Волш (директор за разузнавање), Томас Будри (старешина за конгресни работи) и Дејвид Феит (старешина за технологија и национална безбедност). Точните причини за нивното отпуштање не се објавени, но Лумер јавно ја доведувала во прашање нивната лојалност. Уште двајца вработени биле отпуштени во неделата.
Овие отпуштања се случуваат по безбедносниот инцидент кога советникот за национална безбедност, Мајк Волц, по грешка додаде новинар во групен чат на апликацијата за пораки Сигнал, каде што се дискутирало за воена операција во Јемен. И покрај повиците за негова оставка, Трамп тогаш изрази поддршка за Волц, кој засега останува на функцијата. Некои извори за весникот наведуваат дека Трамп сепак не бил задоволен од него.