
Американската нафтена компанија „Континентал рисорсис“ открила 6,1 милијарди барели резерви на нафта од шкрилци во басенот на Дијарбакир во Турција. Ова го соопшти турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар.
Моментално, годишниот увоз на нафта во Турција е 365 милиони барели. Значи, резервите од 6,1 милијарди барели се голема бројка“, истакна Бајрактар.
Во март, „Континентал Рисорсис“ и турската национална нафтена компанија „ТРАО“ потпишаа договор за заедничко вложување за развој на наоѓалишта на шкрилци во сливот.
Турција моментално увезува повеќе од 90% од своите енергетски потреби. Всушност, домашното производство на гас во Турција покрива приближно 7-8% од потребите на земјата за природен гас.
За да ги намали трошоците за увоз на енергија, владата дава приоритет на развојот на домашните полиња и зајакнувањето на меѓународните партнерства во истражувањето на нафта и гас.