
СДС сервилна, талкаат без стратегија и јасна цел ниту за партијата, а уште помалку за државата. Единствено нешто што знаат од СДС сервилна, е да ги распродаваат државните интереси, да креираат коруптивни шеми, да делат проценти и провизии и да се обидуваат да го заташкаат криминалот во сопствените редови,целосно изгубена во сопствената реторика и без јасна насока, велат во ВМРО-ДПМНЕ
СДС на чело со Филипче, а под менторство на Заев е без компас и без стратегија нема јасна цел, излегуваат со конфузни и контрадикторни пораки. СДС испраќа исти копи паст соопштенија, прес конференции без суштина и 10тици контрадикторни тези за иста тема е дезориентирана партија и нема политичка визија, талка без план и без одговор на клучните прашања во општествените случувања.
Раководство на СДС како Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска, Јон Фрчкоски кажуваат секојдневно некакви приказни и прават театар, наместо да повикаат на одговорност, транспарентност и борба против криминалот тие го штитат Артан Груби и бегаат од темата.
СДС до толку се исплашени од Груби и контрадикторни што самите се заплеткаа во лавиринтот на криминал и коруптивните мрежи.
СДС на чело со Филипче, нема визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, токму затоа се на политичкото дно.
На Македонија и е потребна одговорна и конструктивна опозиција а на политички театар. Во Македонија право и правда мора да има, а институциите да профункционираат. Секој што го прекршил законот мора да одговара.

Македонски


