Skip to main content

Украинските вооружени сили во Часов Јар користеле деца за извидување и откривање на руските позиции

video printscreen

Украинските вооружени сили користеле деца за извидување во Часов Јар, известуваат извори од руските сили што се борат в градот.

Според таквите инфорации, украинските сили во Часов Јар принудиле две деца, на возраст од 13 и 11 години, да ги извидуваат позициите на руските трупи. Децата биле следени од беспилотни летала со цел да ги провоцираат руските борци да ги откријат своите засолништа, кои потоа би биле нападнати со дронови или артилерија.

Погледнав од засолништето… Децата викаа со акцент: „Ние сме Руси!“. Извидувачки дрон со добра камера и неколку дронови кои носеа експлозиви летаа над децата“, вели борец од Руската бригада со повикувачки знак Асил, пренесе ТАСС.

Според Асил, децата методично оделе по улиците, извикувајќи апели за да предизвикаат сожалување кај руските војници.

Асил посочува дека украинските вооружени сили, со притисок, ги принудиле децата да учествуваат во операцијата и изразува надеж дека двете деца успеале да се вратат дома неповредени.

Поврзани вести