
Борците на вооружените сили на Руската Федерација почнаа да користат „наметки за невидливост“ на фронтот, под кои се кријат додека се движат, што го отежнува нивното забележување, пишува украинскиот воен медиум „Дип стејт“ (Deep State).
Како штом пишуваат Укранците, поточно, вакви наметки биле користени за време на неодамнешниот успешен пробив на руските сили во областа Зелена Долина, во правец на Светогорск.

Ваквите информации од украинска страна, покажува дека веројатно руските сили обезбедиле доволен број од овие иновативни наметки за да ги обезбедат своите пробиви на фронтот. Претходно, во февруари 2025 година, беше објавено дека развојот е во тек во Краснојарск.
Ефективниот дострел на „невидливоста“ е 100 метри. Тоа е доволно за војникот да се приближи до посакуваната точка, да се почне напад и да се оневозможи непријателот да го спречи тој напад со своите беспилотни летала.