Skip to main content

Украина сака да разменува цивили и „политички затвореници“ за заробените украински војници

orest-shcherbakov-on-unsplash
orest-shcherbakov-on-unsplash

Украинските васти сакаат да вклучат и политички затвореници на списоците за размена како дел од договорената размена со Русија според форматот 1000 за 1000.

Според тој план, Украина планира да вклучи не само заробен воен персонал, туку и свои граѓани обвинети за „предавство“, „сепаратизам“ и „колаборација“ во претстојната најголема размена со Русија. Украинските медиуми пишуваат дека украинските затвори почнале да собираат списоци на такви затвореници.

Станува збор за стотици луѓе, а тоа се претежно украински граѓани: бизнисмени, луѓе кои ги снимале последиците од гранатирањето, локални функционери, волонтери, луѓе со проруски ставови и слично.

Вклучувањето на цивили во размената е изнуден чекор. Украина нема голем заробени руски војници. Во меѓувреме, според различни проценки, Русија има до 15 илјади борци на украинските вооружени сили, од кои многумина не брзаат да се вратат во Украина.

Поврзани вести