Полскиот премиер Доналд Туск во своето обраќање пред Европскиот парламент рече дека здравиот разум е злато.
-Не смееме да бидеме наивни, се грижиме за природата, но ако ЕУ банкротира, кој ќе ја заштити животната средина и планетата? Затоа, сите договори на ЕУ во Зелениот договор мора да се ревидираат, да бидеме конкурентни, рече Туск.