Skip to main content

Турција ќе отвора воени бази во централниот сириски регио Хомс

Според сириски извори, новата администрација во земјата по соборувањето на владата на претсдаелот Башар ал Асад, стапила во одбранбен сојуз со Турција.

Во овој поглед, турските вооружени сили ќе ги напуштат сите свои позиции во Идлиб и ќе формираат две големи воени бази доста појужно, во пустинскиот регион Хомс северно од Дамаск. Во овие бази, наводно, ќе бидат распоредени специјални системи за противвоздушна одбрана како мерка на претпазливост против израелските воздушни напади.

Ваквиот договор е особено лош за Курдите во Сирија, особено во време кога курдската организација ИПГ/ПКК, под притисок од протурските бунтовнички сили, се подготвува да ги напушти областите како Аин ал Араб, Рака и Деир ез-Зор. Најверојатно, ИПГ/ПКК ќе биде истисната во Хасака и неговата околина.

Поврзани вести