Skip to main content
„Волстрит џурнал“ повикувајќи се на претставници на американската администрација

Трамп е подготвен да ја заврши војната против Ирани и без да го деблокира Ормутскиот Теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на своите соработници дека е отворен за прекин на американската воена кампања против Иран, дури и ако Ормутскиот Теснец остане во голема мера затворен, пишува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на претставници на администрацијата.

Според изданието, Трамп и неговиот тим заклучиле дека повторното отворање на водниот пат веројатно ќе го продолжи конфликтот надвор од неговиот претпочитан временски рок од четири до шест недели.

Наместо тоа, САД имаат за цел да ги ослабат поморските и ракетните капацитети на Иран пред да ги намалат операциите и да се свртат кон дипломатски притисок за враќање на пловидбата.

Доколку дипломатијата не успее, Вашингтон ќе изврши притисок врз европските и сојузниците од Персискиот Залив да ја преземат водечката улога во повторното отворање на теснецот.

Поврзани вести