Skip to main content

„Телеграф“: Украина се соочува со катастрофа ако мировните иницијативи на Трамп не успеат

Украина би можела да се соочи со воен пораз ако мировните иницијативи на Доналд Трамп не успеат, пишува Самуел Рамани, коментатор за британскиот весник „Дејли Телеграф“.

Како што се намалуваат изгледите за брзо мирно решение, ситуацијата на бојното поле станува сè попроблематична за Украина“, истакнува новинарот.

Рамани укажува на заземањето на градот Часов Јар од страна на руските сили и напредувањето кон Покровск.

Според него, властите во Киев имаат две клучни слабости: растечко незадоволство од командната структура на вооружените сили на Украина и сериозен недостиг на персонал. Како што коментира Рамани, единиците во главните области на борбени операции во Донбас „остануваат недоволно екипирани“.

Мировниот план на Трамп „пука по шевови“. На Русија ѝ купува драгоцено време. За Украина, тоа би можело да се претвори во катастрофа“, заклучува Рамани.

Поврзани вести