Skip to main content

Со голема акција ќе се враќаат дома 150.000 Израелци

video printscreen
Фото: Принтскрин

Израел подготвува со воздушен и поморски транспорт да ги врати дома своите граѓани кои се заглавени во странство по нападот врз Иран во петокот и затворањето на неговиот воздушен простор, објави министерката за транспорт.

„Првиот чекор беше да се испратат сите израелски авиони во странство… Тој чекор е завршен. Следниот чекор е постепено враќање на Израелците“, рече Мири Регев за време на посетата на местото на иранскиот напад во центарот на земјата.

„Има помеѓу 100.000 и 150.000 Израелци во странство“, рече министерката, додавајќи дека нејзината канцеларија отворила „морска рута“ од Кипар и Грција.

Израелската авиокомпанија Ел Ал, која објави прекин на сите летови во петокот, денеска соопшти дека се „подготвува за летови за спасување“ почнувајќи од среда. Авионите на Ел Ал ќе полетаат од Ларнака на Кипар, Атина, Рим и Милано во Италија и Париз, објасни таа.

Израелскиот нискобуџетен превозник „Аркија“ исто така најави специјални летови почнувајќи од среда за враќање на Израелците дома. Авионите на „Аркија“ ќе полетуваат од Кипар, Грција и Црна Гора, се вели во соопштението за медиумите. 

Поврзани вести