Skip to main content

Снимка од пукањето во Сиднеј прикажува човек кој се доближил до напаѓачот и ја зема пушката

Најмалку 10 лица загинаа во пукaње што се случи на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија. Пукањето се случило за време на прославата на еврејскиот празник Ханука. Очевидци за „Скај њуз“ изјавија дека се слушнале околу 50 истрели, додека стотици луѓе во паника бегале од местото на настанот.

Снимките од пукањето се шират на социјалните мрежи. Едно видео го прикажува напаѓачот како пука од пушка. Потоа еден човек кој се доближил до него му се приближува, скока на неговиот грб и ја зема пушката.

Еден од напаѓачите бил убиен на лице место, додека другиот е ранет и се наоѓа во притвор. На терен веднаш интервенирала полицијата и службите за итна медицинска помош, со десетици амбулантни возила собраани на паркингот Норт Бонди Централ. Локалните власти ја истражуваат причината за нападот и моментално не даваат дополнителни детали за мотивот.

Поврзани вести