Skip to main content

Словенија за папата: Симбол на правдата и мирот

Фото: Vincenzo Pinto/AFP/Getty Images

Словенечките официјални претставници се простуваат од папата Франциск, кој почина денеска на 88-годишна возраст, опишувајќи го како инспирација за милиони луѓе и борец за правда и мир.

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар истакна дека „гласот на папата за мир и правда инспирираше милиони луѓе“, објави СТА.

Таа додаде дека фактот што папата почина на Воскресен понеделник или втор ден Велигден дополнително ја зајакна симболиката на неговото наследство – живот посветен на надежта и обновата.

Поврзани вести