Skip to main content

Сирија им даде 10 дена рок на малите вооружени групи да се приклучат кон Министерството за одбрана

Сирискиот министер за одбрана Мурхаф Абу Касра ги повика малите вооружени групи кои сè уште не се приклучиле кон безбедносниот апарат да го сторат тоа во рок од 10 дена или ќе се соочат со последици. 

Британските медиуми објавуваат дека министерот не прецизирал какви мерки ќе бидат преземени, а во соопштението објавено доцна синоќа се наведува дека „воените единици“ сега се интегрирани во „унифицирана институционална рамка“, нарекувајќи го тоа „големо достигнување“. 

Спојувањето на малите вооружени групи со сириското Министерство за одбрана треба да се спроведе како дел од консолидацијата на државната власт, шест месеци откако сирискиот претседател Башар ал-Асад беше соборен од власта. 

Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела се сретна со привремениот сириски претседател Ахмад ал-Шара во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, и најави укинување на санкциите против Сирија.

Поврзани вести