Skip to main content

Шведска сака да испрати затвореници во странство, поради пренатрупаност во нејзините затвори

Шведска сака да испрати затвореници во странство, поради пренатрупаност во нејзините затвори.

Шведска планира да испрати осуденици на отслужување на казната во затвори во странство, но одлуката прво ќе треба да биде одобрена од парламентот, објави денеска комисијата назначена од шведската Влада.

Шведскиот министер за правда Гунар Штромер на прес-конференција рече дека „има потреба да се работи со нови решенија“ кога станува збор за затворите, наведувајќи дека земјата веќе преговара со други земји за изнајмување простор во нивните затвори.

Шведска во последните две децении беше погодена од ескалација на криминалот на бандите, што ја доведе земјата на врвот на рангирањето за смртоносно насилство и оружје по глава на жител во Европа, а шведската полиција со зголемен број персонал и финансирање, како и со построги закони постигна напредок во борбата против бандите, така што во последните две години имаше помалку смртоносни пукања и повеќе пресуди.

Поврзани вести