Skip to main content
Според портпаролот на Советот за национална безбедност на САД

САД понудиле поддршка во истрагата за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, изјави дека САД понудиле поддршка во истрагата што ја водат Казахстан и Азербејџан за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс во средата во Казахстан, при што загинаа 38 лица, а 29 беа повредени.

Кирби изјавил дека првите индиции до одреден степен укажуваат дека овој авион бил соборен од руска противвоздушна одбрана, пренесува порталот Аксиос.

Азербејџан ерлајнс соопшти дека нивниот авион претрпел надворешни физички и технички нарушувања.