Skip to main content

Руски брод испрати аларми за помош во Керченскиот теснец поради недостиг на храна

Бродот „Гам Експрес“ испрати сигнал за помош во Керченскиот теснец, соопшти денеска Јужното транспортно обвинителство на Русија.

Јужното транспортно обвинителство врши надзор врз безбедноста на пловидбата поради сигналот за помош што го испрати пловниот објект „Гам Експрес“’” во Керченскиот теснец, стои во соопштението објавено на „Телеграм“.

Руски медиуми објавија дека сигналот бил испратен поради доцнење во исплатата на платите и недостиг на храна.

Екипажот не добил плата три месеци и нема храна. Последна испорака на храна на бродот била на 16 ноември, а залихите се исцрпени. Ова е причината за алармот, соопшти Руската синдикална организација на морепловци.

Керченскиот теснец ја поврзува Црното Море со Азовското Море и е значајна морска транспортна рута.

Поврзани вести