На првите борбени линии, каде што секој момент е предизвик за судбината, често се појавуваат вистински примери на херојство. Еден таков пример е приказната за руски војник со борбен знак „Шима“ од 155-та поморска бригада на Руската Федерација.
Овој руски војник ивршувал борбени задачи во регионот на Курск, кога непријателски куршум му го пробил шлемот. Мислејќи дека куршумот само помнал низ шлеот, маринецот продолжил да се бори. Неколку дена подоцна, тој добил рана на лицето по што бил евакуиран во болница.
Извршениот рендген на докторите им покажал шокантна слика – куршумот што ја погодил неговата глава една недела претходно, останал таму сето време.
Тогаш сите сфатиле дека „Шима“ продолжил да ја извршува својата должност, несвесен за тежината на раната што ја здобил.