Skip to main content

Русија во текот на ноќта уништи 121 украински дрон

igorn-from-pixabay
IGORN from Pixabay

Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 121 украински беспилотно летало над територијата на Руската Федерација, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се додава дека украинските беспилотни летала биле насочени кон неколку руски региони, вклучувајќи го и анектираниот Крим, пренесе ТАСС.

Во текот на изминатата ноќ, дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија 121 украински беспилотни летала: 89 над територијата на Република Крим, 23 над Црното Море, четири над територијата Краснодар, два над територијата на регионот Ориол, еден над водите на Азовското Море, еден над територијата на одбранбениот регион на Русија, пренесува „Танјуг“.

Поврзани вести