Skip to main content

Русија го екстрадираше Башар Ал Асад во Сирија, на банкноти

Брзо по телефонскиот разговор на рускиот претседател Владимир Путин со новиот лидер на Сирија, Ахмед ал Шара, авион со стотици милијарди сириски фунти полетал од Русија и слетал во Дамаск. Според пишувањата на сириските медиуми, станува збор за готовина што поранешниот сириски претседаел Башар ал Асад ја однел во Русија кога ја напушти својата земја.

Централната банка на Сирија го потврдува „приемот на средства во сириски фунти од Русија во Сирија преку меѓународниот аеродром во Дамаск“.

Еден американски долар денес вреди 13.000 сириски фунти. Извори на „Ал Хадат“ ја проценуваат сумата на пристгнатите средства на 300 милијарди фунти (околу 23 милиони долари).

Откако исламистичката група ХТС ја презеде власта во Сирија, земјата страда од акутен недостиг на девизи – резервите на централната банка се проценуваат на 200 милиони долари, во споредба со 18,5 милијарди долари во 2010 година. Луѓето се плашат да ги остават своите пари во банка од страв дека нема да можат да ги подигнат.

Банкнотата од 2.000 фунти, која се уште не е повлечена од оптек, го прикажува Башар ал Асад, кој беше соборен од власт и побегна во Русија.

Поврзани вести