Skip to main content

Речиси 90 лица повредени на техно забава на отворено во Берлин

Freepik

За време на техно забавата наречена „Rave The Planet“, одржана во Берлин, се случија неколку инциденти во кои беа повредени 89 лица, објави градската противпожарна служба, додавајќи дека 69 учесници се хоспитализирани, додека неколку лица се здобиле со повреди опасни по живот.

За време на оваа масовна забава на дожд, здравствените екипи интервенирале кај околу 400 лица, а како што е наведено, поголемиот дел од времето станувало збор за здравствени проблеми предизвикани од прекумерна консумација на алкохол и дрога, пишува денес германскиот Билд.

„Во неколку наврати имаше сериозни повреди, а меѓу повредените имаше и такви чиј живот беше во опасност“, изјави портпаролот на противпожарната служба, без да прецизира точно за какви повреди станува збор.

Поврзани вести