Skip to main content

Речиси 100.000 луѓе дезертирале од украинските вооружени сили за шест месеци

luaks-johnns-from-pixabay
luaks-johnns-from-pixabay

Бројот на дезертери од украинските вооружени сили во април 2025 година повторно постави нов рекорд. Според официјални податоци, во април, 18.331 луѓе избегале од украинскаите вооружени фпрмации.

Во оваа бројка се вклуени само оние против кои се отворени кривични постапки, што значи дека тој број во реалноста е доста поголем.

Во првите четири месеци од 2025 година, веќе имало 70.636 дезертери:

Јануари – 18.145

Февруари – 17.809

Март – 16.349

Април – 18.331

Покрај овие месеци, бројката цело време останува стабилно висока од ноември. Тоа значи дека во текот на изминатите шест месеци, околу 100.000 украински војници дезертирале од армијата.

Во овие официјални бројки се вклучени оние војници кои не се вратиле во борбените формации. Оние кои ги напуштиле своите позиции, но подоцна се вратиле, не се вклучени во оваа статистика.

Поврзани вести