Skip to main content

Путин ќе биде главен гостин на парадата во Пекинг по повод победата над Јапонија во Втората светска војна

kremlin.ru

Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде главен гостин на настаните по повод одбележувањето на 80-годишнината од победата над милитаристичка Јапонија во Пекинг, вклучувајќи ја и свечената парада.

Помошникот на рускиот лидер, Јуриј Ушаков, соопшти дека Путин ќе ја посети Кина од 31 август до 3 септември, каде што ќе учествува на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Тјенѓин, а потоа во Пекинг ќе присуствува на воената парада.

Нашиот претседател на 3 септември, како главен гостин, кинеските претставници тоа на секој можен начин го истакнуваат, ќе присуствува на свечените настани посветени, како што веќе кажав, на 80-годишнината од победата над милитаристичка Јапонија и завршувањето на Втората светска војна“, изјави Ушаков. 

Поврзани вести