
Русија и Венецуела влегоа во стратешко партнерство наменето за проширување на нивната соработка во областите на енергетиката, рударството, транспортот и безбедноста.
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша договорот, со што тој стапи во сила, објави државната новинска агенција ТАСС.
Договорот ги носи руско-венецуелските односи на суштински ново ниво и ги опфаќа сите важни области на билатералната соработка, изјави претседателот на рускиот Парламент, Вјачеслав Володин.
Путин и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, се договорија да продолжат со стратешкото партнерство за време на посетата на Мадуро на Москва во мај.
Владата на Мадуро во Каракас во моментов е под значителен притисок од Вашингтон. САД го обвинуваат претседател за наводна директна вмешаност во трговија со дрога и понудија награда од 50 милиони долари за негово апсење.
Веќе неколку недели, американските сили во близина на брегот на Венецуела распоредуваат значителни воени сили со образложение дека делуваат против глисери осомничени за шверц на дрога во САД.
Мадуро неодамна предупреди дека се подготвува воена интервенција на САД во јужноамериканската земја и рече дека Трамп „измислува војна“ против него.
Заедно со Куба, Никарагва и Кина, Русија е најважниот сојузник на Венецуела.

Македонски








