
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен и писмено да гарантира дека Русија не планира никаков напад врз Европа како дел од дипломатските преговори. Путин истакна дека е лага и целосна бесмислица да се тврди дека Русија има намера да ја нападне Европа.
За нас тоа звучи смешно. Вистината е: Никогаш сме немале намера да го сториме тоа. Но, ако сакаат да го чујат тоа од нас, тогаш ќе го документираме. Нема сомнение“, рече Путин на прес-конференцијата по завршувањето на неговата посета на главниот град на Киргистан, Бишкек.
Путин постојано ги отфрла обвинувањата од германски и други европски политичари дека Русија сака да нападне и други европски земји по Украина, потсетува ДПА.
Тој, исто така, ја повтори својата подготвеност за мировни преговори.
Следната недела, претставници на САД се очекуваат во Москва на разговори за можен крај на војната што трае повеќе од три и пол години. Се очекува разговорите да опфатат и безбедносни гаранции за Украина и Европа.

Македонски








