Skip to main content

Пукање во Лондон: Големо полициско присуство, има мртви!

Во престрелка во Лондон една жена е убиена, а двајца мажи се во болница со тешки повреди, соопшти полицијата.

Истрагата за убиството е во тек.

Службениците на Метрополитен полицијата биле повикани на пукање околу 21.15 часот во Харлсден во саботата.

Жената, за која се претпоставува дека има околу 40-тина години, била пронајдена ранета, но и покрај напорите на итната помош, таа починала на лице место.

Повредени се и двајца мажи, двајцата на возраст од 30 години

Едниот останува во болница во критична состојба, додека повредите на другиот не се опасни по живот.

Поврзани вести