
Гувернерот на Илиноис, Џеј Би Прицкер, изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Пентагон да испрати 100 војници во сојузната држава.
– Националната гарда на Илиноис добила меморандум од Министерството за внатрешна безбедност, во кој е наведено барањето, наведе Прицкер.
Пентагон соопшти дека добил барање за помош за заштита на федералниот персонал, имотот и операциите во сојузната држава Илиноис.
– Сите одлуки ќе бидат донесени во согласност со утврдените процедури и ќе бидат објавени навремено, се посочува во соопштението на Пентагон.
Според Прицкер, построгите мерки за имиграција на администрацијата на Трамп во Чикаго овој месец се „изговор за распоредување воени сили“.