Skip to main content

Поради проблеми со струјата, во прекин е сообраќајот под Ла Манш, запреа возовите меѓу Британија и Франција

Принтскрин од видео

Поради проблеми со напојувањето со електрична енергија и дефект на еден воз, денеска е во прекин железничкиот сообраќај низ тунелот под Ла Манш, соопшти железничката компанија „Еуростар“ (Eurostar).

Од компанијата ги повикаа патниците да ги одложат патувањата со возовите што сообраќаат меѓу Франција и Велика Британија, вклучувајќи ги и композициите што превезуваат возила.

Им препорачуваме на сите наши патници да го одложат своето патување за друг датум. Ве молиме да не доаѓате на станица доколку веќе немате билет“, се наведува во соопштението на „Еуростар“.

Подводниот железнички тунел под Ла Манш е долг 50,5 километри и ги поврзува Фолкстон во Англија со Кокел во северна Франција. Низ тунелот сообраќаат патнички и товарни возови.

Поврзани вести