
Полска е подготвена да започне со обновување на производството на противпешадиски мини, изјави денеска министерот за одбрана на земјата Владислав Косињак-Камиш.
Полска и нашите соседи не можат да бидат ограничени со конвенции кои на некој начин ја попречуваат нашата политика на одвраќање или одбрана, рече Косињак-Камиш на прес-конференција, одговарајќи на прашање за плановите за повлекување од Конвенцијата од Отава.
Варшава оваа недела им се придружи на балтичките држави најавувајќи го планот за повлекување од договорот за забрана на употреба на противпешадиски мини и излез од Конвенцијата од Отава од 1997 година, која е ратификувана или во која пристапија повеќе од 160 земји.