
Делегации на Украина и на СAД денеска започнаа состанок во Саудиска Арабија, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.
Министерството извести за почетокот на средбата во Џеда на својот официјален канал на социјалната мрежа Телеграм.
На официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент се наведува дека средбата на американската и украинската делегација во Џеда е закажана за денеска напладне по локално време. Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, пред средбата изјави дека украинската делегација се подготвува за преговорите.
-Тимот е поставен. Се подготвуваме за работа. Заштита на украинските интереси, јасна визија за завршување на војната, ќе работиме ефикасно со нашите американски партнери, нагласи Јермак.
Денеска во Џеда, Саудиска Арабија ќе се одржат преговори меѓу претставници на Украина и САД.
Украина ќе ја претставуваат Јермак, неговиот заменик Павло Палиса, министерот за надворешни работи Андриј Сибига и министерот за одбрана Рустем Умеров