Skip to main content

Планот на САД и Израел за влегување на Курдите во војната пропаднал поради протекување информации во медиумите

Планот на САД и Израел за поддршка и спроведување на курдска копнена инвазија во Иран, развиван на почетокот на војната, пропаднал по протекувањето на информациите за таквиот план и сомнежите за неговиот успех.

Според израелскиот „Канал 12“, Израел – вклучувајќи го и Мосад – долго време развивал план за поддршка на десетици илјади курдски борци кои би навлегле од ирачки Курдистан во северозападен Иран под силна воздушна поддршка на САД и Израел, со цел да почнат пошироко востание против иранската власт.

Но, откако протекувањата информации во медиумите го открија планот, Иран ја зајакна својата одбрана во овој дел од државата, изврши притисок врз официјален Багдад и ги засили своите воени активности во регионот.

Исто така, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди на евентуалните курдски територијални придобивки, земјите од Заливот предупредија на дестабилизација на целиот регион, а курдските фракции побараа политички гаранции, доведувајќи ја во прашање сигурноста на поддршката од Вашингтон.

Според ир=зраелскиот медиум, по таквиот развој на настаните, соочен со изгубено изненадување и зголемените ризици, американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја сметал операцијата за премногу опасна и ја напуштил.

Поврзани вести