Skip to main content

Овие промени од денеска стапуваат на сила во Германија: Ќе ги погодат сите жители!

Од 1 јануари 2025 година во Германија стапија на сила значајни промени кои ќе ги погодат работниците, работодавачите и граѓаните.

Подолу, накратко прочитајте за значајните промени во Германија:

Зголемување на минималната плата
Законската минимална саатница се зголемува од 12,41 евра на 12,82 евра бруто на час.

Промени во мини работни места
Максималната месечна плата за мини работни места се зголемува од 538 евра на 556 евра, што изнесува 6.672 евра годишно.

Зголемување на основната лична одбивка
Основниот личен одбиток, односно неоданочениот дел од приходот се зголемува на 12.084 евра годишно, а дополнително зголемување на 12.336 евра се планира во 2026 година.

Зголемување на додатокот за нега
Лицата со потреба од нивоа на нега од 2 до 5) кои се згрижени дома ќе добијат зголемување на бенефициите за 4,5 проценти. На пример, за снабдување со нега на ниво 2, надоместокот се зголемува од 332 евра на 347 евра месечно.

Промени во секторските минимални плати
Во електроиндустријата минималната саатница ќе изнесува 14,41 евро. Во кровната индустрија минималната саатница се зголемува на 16 евра на час.

Зголемување на надоместокот за домување
Станбениот додаток се зголемува во просек за 15 отсто, што одговара за околу 30 евра повеќе месечно.

Овие измени имаат за цел да го подобрат животниот стандард на граѓаните, да се прилагодат на економските услови и да обезбедат дополнителна финансиска поддршка на различни групи на население.

Поврзани вести