
„Фокс њуз“ објави дека вториот член на екипажот на „Ф-15Е“ (офицер на системот за оружје) кој се катапултирал од соборениот борбен авион, се оддалечил од местото на несреќата и се скрил од иранските војници на издигнат гребен за да избегне заробување.
Тој вклучил итен сигнал за евакуација за да ги информира американските падобранци за специјални операции и другите елитни спасувачки сили за неговата позиција, преку кој тие го лоцирале. По пристигнувањето до неговата локација, специјалните сили влегле во борба со ирански војници кои го барале пилотот. „Фокс њуз“ соопшти дека ниту еден американски војник не загинал за време на операцијата.
Понатаму, „Фокс њуз“ објави дека јуришниот авион „А-10 Вархог“ што се урна во петокот обезбедувал покритие за спасувачките екипи вклучени во лоцирањето на првиот член на екипажот (пилотот), при што пилотот на „А-10“ успешно се катапултирал над Кувајт, пред да биде спасен.
Телевизијата исто така објавија дека два спасувачки хеликоптери биле погодени од ирански оган за време на операцијата за спасување во петокот, при што биле повредени членови на екипажот, пред наводно да успеат да излезат од Иран.

Македонски


