
Ми беше задоволство да ја пречекам Неговата екселенција Жао Леџи, претседател на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес на Народна Република Кина, во Унгарија, напиша на својот профил на Х, унгарскиот премиер Виктор Орбан, објавувајќи и фотографија од неговиот пречек на Леџи.
Во објавата, Орбан додава:
Бирократите во Брисел направија доволно штета на односите меѓу двете земји. Ние се залагаме за меѓусебно корисна соработка, заснована на доверба и почит“.
Претходно, Орбан ја искритикува Европската комисија, нагласувајќи:
Бриселската елита достави предлог за седумгодишен буџет изграден врз логика на војната. Милијарди за Украина, трошки за земјоделците и развој. Нивната цел: победа над Русија, инсталирање либерални сојузници и проширување на нивното влијание. Ги отфрламе нивните фантазии, го отфрламе нивниот предлог. Европејците заслужуваат Унија што ги става нив на прво место“.