
Повеќе од 480 цивили се убиени во изминатите две недели во северниот дел на Дарфур во Судан, соопштија денеска Обединети нации, истакнувајќи оти најверојатно бројот на загинати е многу поголем.
Канцеларијата на ОН за човекови права наведе дека е потврдено оти од 10 април загинале најмалку 481 човек во северниот дел на Дарфур. Помеѓу загинатите најмалку 210 се цивили, вклучително и девет здравствени работници кои се убиени во кампот за раселени лица Замзам во периодот од 11 до 13 април.
Во Судан реиси две години трае граѓанската војна помеѓу суданската армија и паравоените Сили за брза реакција.