Skip to main content

Новиот врховен лидер на Иран ги објави своите први јавни пораки

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, ги објави своите први јавни пораки откако беше прогласен за прв човек во Исламската Република, по смртта на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи.

Иран верува во пријателството со своите соседи и напаѓа само американски бази во тие земји, порача новиот врховен лидер.

– Иран ги повикува своите соседи да ги затворат американските бази.

– За да се стави крај на војната, Иран ќе бара отштета од САД за штетата предизвикана од нападите.

– Иран го задржува правото да го затвори Ормутскиот теснец.

Новиот врховен лидер на Иран ја потврди смртта на неговата сопруга и сестра во американско-израелските напади.

Моџтаба им се заблагодари на либанското движење Хезболах и на Ирачкиот исламски отпор во Ирак за поддршката на Иран во неговиот конфликт со САД и Израел.

Поврзани вести