Skip to main content
Анализа на „Економист“

„Никогаш не го прекинувај непријателот додека прави грешка“: Пекинг има корист од војната на САД со Иран

Кина добива корист од војната на САД против Иран, сметајќи го овој конфликт за стратешка грешка на Вашингтон, пишува „Економист“. Како што коментира магазинот, кинеските дипломати се водат од принципот што му се припишува на Наполеон: „Никогаш не го прекубајте непријателот додека прави грешка“.

Според изданието, во Пекинг веруваат дека продолжениот конфликт без јасна стратегија ја поткопува позицијата на САД и го одвлекува нивното внимание од Азија – регион во кој Кина има намера да ги постави правилата на играта. Зголемувањето на цените на енергијата и на ресурсите може да ја зголеми претпазливоста на сојузниците на Вашингтон во односите со Америка.

Конфликтот го потврдува фокусот на Си Џинпинг на економската и технолошката автономија: Кина ги зголеми своите стратешки резерви на нафта, го диверзифицираше својот енергетски сектор и продолжува да соработува со Иран, заобиколувајќи ги санкциите, а воедно ја зајакнува својата моќ, од ретки минерали до критични технологии.

По војната, земјите од регионот ќе треба да се обноват, а стравот од прекини во снабдувањето преку Ормутскиот Теснец може да ги поттикне активно да купуваат кинески технологии, од сончева енергија до батерии.

Официјлен Пекинг, исто така, се надева дека ќе ја искористи ослабената позиција на САД во преговорите за да постигне олеснување на царините и ограничувањата за извоз, како и да промовира поповолна формула за Тајван. Во исто време, кинеските експерти ги признаваат ризиците: активната употреба на вештачка интелигенција од страна на САД во воените операции и можната економска штета од продолжен конфликт.

Поврзани вести