
Во тек е масовна операција на американска воена авијација за распоредувае воена опрема на Блискиот Исток.
Во текот на изминатите три дена, повеќе од 16 транспортни авиони на американските воздухопловни сили Ц-17 „Глоубмастер 3“ слетале во воздухопловната база Осан во Јужна Кореја пред да продолжат со својот лет до воздухопловната база Иса во Бахреин.
Според непотврдени извештаи, товарот вклучува и напредни системи за противвоздушна одбрана – најверојатно батерии за ракети Патриот – кои се преместуваат додека регионот се подготвува за понатамошна ескалација.
Ваквиот развој на состојбата доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и Иран, поради што специјализираните воени портали коментираат дека ова е најава за можна американска акција против Техеран.