Skip to main content

Минск: Распоредувањето на „Орешник“ е одговор на САД и Германија

Распоредувањето на системот „Орешник“ на територијата на Белорусија е одговор на намерата на САД и Германија да распоредат ракети со среден дострел во Европа, изјави заменик-началникот на Генералштабот на белоруската војска Сергеј Лагодиук.

Американците и Германците повеќепати зборуваа за тоа, напиша Лагодиук на Телеграм.

Заменик-началникот на Генералштабот истакна дека воениот ресор добил задача од врховниот командант според која воено-индустрискиот комплекс на Белорусија, заедно со руски специјалисти, ќе продолжи да работи на вооружувањето.

Поврзани вести