Skip to main content

Мерц: Орбан отиде во Москва без европски мандат

Facebook/Friedrich Merz

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан отпатувал во Москва без европски мандат и одобрение од европските лидери.

За време на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, Орбан рече дека Унгарија не подлегнала на надворешни притисоци и продолжува да развива соработка со Москва.

„Го знаеме ставот на Виктор Орбан веќе неколку години. Ова не е негово прво патување во Москва… Но, тој оди без европски мандат и без наше одобрение. Но, тоа не е ништо ново. Тој има своја визија за завршување на овој конфликт“, рече Мерц во преносот од заедничката прес-конференција со словенечкиот премиер Роберт Голоб во Берлин, како што беше објавено на веб-страницата на германската Влада.

Мерц се потсети како руските воздушни напади се интензивираа по неговата последна посета на Кремљ во јули 2024 година, кратко откако Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ.

„Посетата во тоа време не само што беше неуспешна, туку неколку дена потоа се случија некои од најсериозните напади на руската армија, вклучително и напади врз цивилна инфраструктура и цивилни цели во Украина“, рече Мерц, додавајќи дека се надева оти таква реакција од Русија нема да се случи овој пат.

Голоб изјави дека „се плаши дека Виктор Орбан нема да игра за европскиот тим некое време“ и дека не очекуваат никаква корист, никакви предности од оваа посета.

Голоб, исто така, спомена дека Орбан дејствува првенствено во свој интерес.

Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретнаа денеска во Кремљ.

Поврзани вести