Skip to main content

Мелони: Италија е посветена на депортација на илегални мигранти во Албанија

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека ќе го продолжи планот на Владата во Рим за депортација на илегални мигранти во центрите во Албанија, која ја спречија италијанските судии.

Се надевам дека Европскиот суд ќе го спречи ризикот од загрозување на политиката за репатријација не само на Италија, туку и на сите земји-членки на ЕУ“, рече Мелони на прес-конференција.

Таа нагласи дека нејзината влада е посветена на изнаоѓање решенија за секоја пречка и дека италијанските граѓани бараат да се регулира бројот на нелегални влегувања во земјата.

Поврзани вести