
Во Техеран и други ирански градови се одржуваат масовни антивладини протести, а снимките од теренот ги покажуваат најголемите демонстрации во последниве години.
Немирите, што влегоа во 12-тиот ден, се поттикнати од гневот поради падот на вредноста на националната валута и се проширија во повеќе од 100 градови низ земјата.
Протестите се дополнително охрабрени од повикот на синот на соборениот Шах во 1979 година, а кој живее и има поддршка од САД, Реза Пахлави, да „излезат на улиците и, како обединет фронт, да ги кажат своите барања“.
Пахлави, му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за поддршката.

Во објава на социјалната мрежа X, Пахлави рече дека „милиони Иранци ја барале својата слобода“, опишувајќи ги демонстрантите како негови „храбри сонародници“ и му се заблагодари на Трамп.
Во коренот на протестите, кои почнаа на 28 декември со протест на трговците во Техеран, лежи длабоката економска криза. Иранската валута ријал падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот, а инфлацијата скокна на 40 проценти. Економијата е под притисок од американските санкции, но и од лошото управување и корупцијата.
Large numbers of protesters in Bagh Ferdows Square in the northern city of Babol chant "Long live the Shah" and "death to the dictator" tonight, on 12th day of protests in Iran.
— Shayan Sardarizadeh (@Shayan86) January 8, 2026
Video: @Vahid
Location: https://t.co/yiaTJjUTLx@GeoConfirmed pic.twitter.com/TSsYRjCCXi
Видеата споделени на платформата X покажуваат пожари и чад во близина на згради идентификувани од корисниците како владини или локални самоуправни згради во одредени градови. Досега, нема потврда за автентичноста на видеата ниту официјални информации за обемот на штетата.
Претседателот Трамп и ноќеска ја повтори својата закана за воена интервенција доколку иранските власти прибегнат кон смртоносно насилство.
Им дадов до знаење дека доколку почнат да убиваат луѓе, што обично го прават за време на нивните немири, а имаат многу немири, ако го сторат тоа, ќе ги удриме многу силно“, рече Трамп.
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, додаде дека економијата на Иран е „на колена“ и дека ова е „тензичен момент“.
Од друга страна, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги повика безбедносните сили да покажат „екстремна воздржаност“ во справувањето со протестите.
Врховниот лидер Али Хамнеи рече дека со демонстрантите треба да се разговара, но дека „на бунтовниците треба да им се покаже каде им е местото“.

Македонски




