Skip to main content

Масовен напад со дронови врз Одеса, силни експлозии одекнуваат во градот

Силни експлозии одекнуваа ноќеска во украинскиот црноморски град Одеса, кој е под масовен напад со беспилотни летала, објавија локални канали на апликацијата „Телеграм“.

Според истите извори, повеќе од 20 дронови го напаѓаат градот од акваторијата на Црното Море. Локалните власти ги повикаа граѓаните веднаш да побараат засолниште во скривниците. Воздушната тревога е прогласена во 1:09 часот по локално време.

Поврзани вести