Skip to main content

Макрон: Предвидливоста на Европа има вредност

Францускиот претседател Емануел Макрон ја пофали „предвидливоста“ на Европа во споредба со непредвидливоста на САД под Доналд Трамп, а индиректно ја критикуваше војната на Блискиот Исток и нејзините економски последици.

На прес-конференција во Јапонија, по средбата со премиерката Санае Такаичи, Макрпн изјави дека е свесен оти Европа се смета за „континент побавен од другите“, но дека нејзината предвидливост има вредност, што се покажало и во последните години и во последните недели, пренесува Фигаро.

Ние сме таму каде што знаете дека ќе бидеме. Тоа не е лошо, во овие времиња, верувајте ми“, рече тој.

Истовремено, Макрон им рече на „оние кои велат дека одат многу побрзо“ дека не знаат дали ќе бидат во таа позиција задутре.

Тој, исто така, кажа дека и Франција и Јапонија се залагаат за меѓународно право и меѓународен поредок врз основа на Повелбата на Обединетите нации.

Затоа се залагаме за враќање кон мирот, прекин на огнот, смиреност и слободен премин низ Ормуската Теснина“, рече Макрон и повика на брзо смирување на конфликтот и обезбедување безбедна пловидба низ морскиот премин.

Тој додаде дека гледа конвергенција помеѓу „француската и европската стратегија“ и „јапонската стратегија“, кои имаат за цел да избегнат „зависност од хегемонистички сили“, мислејќи на Кина и САД.

Макрон е во официјална посета на Јапонија, четврта за девет години, а утре, заедно со сопругата Брижит, треба да присуствува на ручек со царот Нарухито и царицата Елизабета.

Поврзани вести