Skip to main content

Лаос ќе испрати воена единица како помош за руските сили

niamat-ullah-on-unsplash

Лаос ќе испрати војници во Русија за да им помогнат на руските сили.

Станува збор за пристигнување на одред инженерски трупи на Лаоската народна армија во Курската област за деминирање. Во почетната фаза ќе станува збор за околу 50 лаоски деминери.

Тоа би била првата позната воена поддршка од Југоисточна Азија за Русија во конфликтот, што сигнализира растечки сојуз меѓу Виентијан и Москва.

На ваквите информации се огласи Главната дирекција за разузнавање на Украина (ГУР), од каде велат дека Лаос на тој начин станала нов учесник во војната против Украина.

Русија, под маската на хуманитарна мисија, се обидува да го легализира присуството на странски воен контингент на своја територија, всушност користејќи го за поддршка на воените операции“, се вели во реакцијата од ГУР.

Поврзани вести