Skip to main content

Кремљ ги демантираше информациите на турските медиуми дека Асма ал Асад сака да се разведе и да ја напушти Русија

Кремљ денеска ги демантираше информациите на турските медиуми дека Асма ал Асад, сопругата на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, која е родена во Британија, сака да се разведе и да ја напушти Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така ги отфрли извештаите на турските медиуми дека Асад бил затворен во Москва и дека му бил замрзнат имотот.

Не, тие не кореспондираат со реалноста“, одговори тој на прашањето за време на конференциска врска дали наводите одговараат на реалноста.

Турските и арапските медиуми вчера објавија дека Асма ал Асад поднела барање за развод во Русија, каде семејството Асад доби азил овој месец откако бунтовниците ја презедоа контролата врз Дамаск.

Поврзани вести

giyim