
Германската компанија која ги произведува амблемите на Мерцедес-Бенз прогласи банкрот.
Како што пренесува Блумберг, причината за банкротот на „Герхарди Кунстофтехник“ (Gerhardi Kunststofftechnik), која произведуваше автомобилски компоненти, вклучувајќи амблеми и решетки за радијатори за Мерцедес-Бен, Ауди и други автомобилски компании, подолг период била со зголемени трошоци и пад на побарувачката за производите.
Во 2024 година бројот на вработени во компанијата изнесуваше 1,5 илјади луѓе, а сега нивната иднина е неизвесна.

Компанијата е основана во 1796 година и се занимава со производство на метални делови. Меѓу другото, „Герхарди“ ги произведуваше препознатливите трикраки ѕвезди за автомобилите Мерцедес-Бенц, со што компанијата стана еден од главните добавувачи на германскиот производител на автомобили.
„Герхарди Кунстофтехник“ ја преживеа Големата депресија и двете светски војни, но е сериозно поткопана од актуелната криза во европската автомобилска индустрија“, забележува Блумберг.